Бесни ѕверки со 10.000 КС дефилираа во Скопје (Фото)

Атрактивни моќни автомобили вчера беа прикажани на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Настанот насловен како „Рели за ексклузивни автомобили“ се организираше по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“.

Љубителите на спортските автомобили уживаа во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: „Ламборгини Авентадор спајдер“ – со над 700 коњски сили, во исклучително убаво пакување, „Ауди р8 плус“ – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инженерство, „Ферари 488“ – носител на наградата „Супервозило на годината“ од Топ Геарr, „Астон Мартин ДБ11“ – возилото на Џејмс Бонд, „АМГ ГТ Р“ – специјално создадено чудовиште за патека од „Мерцедес Бенз“, „Мерцедес Бенз Ц63 купе“ – оптимизиран од „Манхарт“ со над 700 коњски сили, „Нисан ГТ-Р Блек едишн“, „Нисан скајлајн“, „Порше 991 Турбо С“...

Фото: 24auto.mk