Берово повторо беше најладен град во Македонија со измерени - 8 степени. Она што е најинтересно е што Крушево за разлика од Берово е најтоплиот град со измерени 5 степени. Во другите градови температурата изгледаше вака: -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, 2 Охрид, Виница, Попова Шапка.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, тивко и студено. Утрово е сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. По одделни котлини има појава на слаба магла. Наутро студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје утрото студено, во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.