Беровец пријавил дека сопругата физички го нападнала него и малолетниот син

45-годишен маж од беровско пријавил дека тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од неговата сопруга по претходна расправија во семејниот дом.

Според МВР, вчера во 08:30 часот во ОВР Берово, мажот пријавил дека на 6 септември околу 19:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и малолетниот син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.