Бензинот поскапува за половина денар, дизелот поевтинува

Од вечерва на полноќ се менуваат цените на нафтените деривати – дизелот и нафтата за домаќинствата поевтинуваат за половина денар, додека бензинот поскапува за половина денар.

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика малопродажната цена нд ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе ознесува 53 денари за литар, а по истата цена ќе се продава и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62,50 денари по литар. зголемуваат за 0,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг и ќе изнесува 28,837 денари по килограм.

„Поради растот на цени на нафтените деривати на светските берзи изминатата недела донесовме одлука за зголемување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 0,34%. Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за 1,00 денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба поради што во крајната цена кај овие нафтени деривати има намалување”, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.