Бензинот поскапува, ова се новите цени

Од ноќеска на полноќ со новата Одлука на Регулаторна комисија цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, и со тоа цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и изнесува 64,00 ден/лит., додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 денар/килограм и изнесува 39,360 ден/кг.