Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува - ова се новите цени на горивата!

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, со која од полноќ бензините ќе поевтинат, додека дизелот и екстра лесното масло ќе поскапат.

Со новата пресметка, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2 денари и ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за 2 денари и ќе се продава по 93 денари за литар.

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 1 денар и ќе чини 99,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари, достигнувајќи цена од 98,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 денари по килограм и ќе изнесува 46,419 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека во пресметката повторно е применет намален износ на акцизата – 2 денари по литар за бензините и 4 денари по литар за дизелот.