Белорусија е последна шанса за Македонија да ја поправи лошата слика на СП

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево од 15 и 30 часот ќе го одигра последниот натпревар на 27 Светско првенство, чии домаќин е Египет.

Последен противник на нашиот национален тим е селекцијата на Белорусија. Избраниците на Брестовац и на овој натпревар ако се суди според досегашните изданија на Мундијалот во Египет најверојатно повторно ќе ја имаат улогата на аутсајдер. Белорусија одигра многу подобро во преходните пет средби од црвено жолтите.

Посакуваме попладнево да бидат променети улогите и македонските ракометари на крајот на Мундијалот да се покажат во вистинското светло, да покажат како се игра во репрезентативниот дрес и на достоен начин да се простат од Светскиот шампионат.