Белопета: Најдобро е да добиеме нова Универзална сала на истата локација

Нов ден – нова реакција не само од народот на социјалните мрежи, туку и од многумина познати и признати културни дејци, творци и културни работници кои остро се спротиставуваат на скопските чиновници од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, за распишаниот конкурс за градење на парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би морала да се урне, пишува Вистина.мк.

Една од најстарите културни манифестации, со традиција од безмалку 40 години и квалитет со каков што не может да се пофалат ниту  многу поголеми градови, побогати држави и пореномирани институции е секако „Скопскиот џез фестивал“ ( SJF), кој со години се одржуваше токму во „Универзална сала“. На  нејзината сцена во рамките на фестивалските денови настапиле дефинитивно најголемите светски имиња во оваа област. Плеада од најпознатите светски великани на џезот и блузот.

Неговиот основач и човекот кој светската џез музика и нејзините великани со децении наназад ги носи во Скопје, Оливер Белопета со свој став за ступидната бесмисленост за уривање на „Универзална сала“, но и песимизам дека таа ќе биде реновирана и променета во ново руво на истото ова место каде што е сега, како и  апсолутна недоверба во „евтините приказни“ на градскиот татко за изградба на некаков нов,  далеку поскап „мултимедијален центар“ на нова локација: