Белите дробови кај пациентите кои прележале Ковид 19 се полоши од тие на пушачите

Откако учествувала во лечење на илјадници заболени од Ковид 19, хирургот Британи Бенкхед – Кендал од Тексас вели дека рендгенските снимки на бели дробови кај пушачите покажуваат одредени оштетувања, но оние кај пациентите кои се бореле со коронавирусот на снимките се потполно бели.

Промените кои се гледаат на снимките покажуваат на интензивни лузни и на фактот дека поголемиот дел од пациентите се бореле со недостаток на воздух.

Таа додава дека големиот број здравствени експерти се фокусирани на стапката на смртност, а малку од нив се занимаваат со последиците кои Ковид 19 ги остава кај заболените.

„Сите се толку загрижени околу смртноста и тоа е страшно. Ова за што јас говорам ќе биде голем проблем кај сите кои биле позитивни“, вели доктор Кендал.

Докторката предупредува дека секој пациент со симптоми на коронавирусот кој таа го лечела имал промени на белите дробови, па дури и оние кои немале никакви симптоми. Вели дека околу 70 до 80 проценти од пациентите имаат промени на белите дробови.

„Има луѓе кои велат: „Добро сум, немам никакви проблеми“, но кога ќе им ја погледнете РТГ снимката на градите, имаат сериозно лоша слика на белите дробови“, вели докторката која на медиумите им презентираше три различни снимки на бели дробови.

„Не знам кој треба ова да го слушне, но „пост – ковид“ бели дробови изгледаат полошо од бели дробови на било кој пушач“, ова во еден од своите твитови го споменува доктор Кендал.

РТГ снимка на здрав пациент покажува голема количина на црн простор, што значи дека лицето е во состојба да вдиши голема количина воздух. Од друга страна РТГ на пушач покажува бели линии и магловито замачкување што укажува на воспаление и оштетување на ѕидовите на белите дробови.  Снимка на белите дробови на лице кое прележало ковид 19 е потполно бела, како над нив да надвиснал бел облак.  Ваквите промени најчесто означуваат дека белите дробови се полни со течности и тоа покажува дека пациентот не е во состојба да внесе доволна количина кислород, што би било возможно доколку тој е здрав.