Белистојановски непобедлив во Таранто, злато за македонскиот каратист

Македонија има нов шампион од Медитеранските игри.

Каратистот Матеј Белистојановски освои златен медал во Таранто, Италија, по четири победи во исто толку борби. Со ова, Белистојановски стана единствениот македонски спортист кој досега освоил златен медал на овие Медитерански игри.

Но неговиот успех донесе и момент што ќе остане запишан во историјата на македонскиот спорт.

Во чест на Белистојановски, во Таранто за првпат беше интонирана македонската химна.