Белградската филхармонија го откажа гостувањето во Скопје

Гостувањето на Белградската филхармонија во Скопје на 9 октомври е откажано поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина синоќа во својот дом во Белград.

На сите што купиле билети за овој настан ќе им бидат рефундирани средствата, информираат од Македонската филхармонија.

Од таму додаваат дека гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за конкретниот датум ќе следува дополнителна информација.