Бела пристигна во скопската зоолошка градина

Од Ходенхаген, Германија пристигна лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови. За десетина дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.

„За првпат во Скопје, но и нашата држава ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.