Бела ноќ утре во Скопје – уметност и култура до раните утрински часови

Во сабота во Скопје се одржува „Бела ноќ“, а за 14-тото издание на 29 локации ќе бидат организирани настани како кико на кров во ГТЦ, ролер диско во галеријата „Градот убав“ и изложба на детски цртежи во Детскиот културен центар Карпош.

Вклучени се две средни училишта, гимназијата „Никола Карев“ со голема свирка на малите бендови и гимназијата „Орце Николов“ со театарска претстава „Образование, абе ајде“.

Во МКЦ ќе има изложба на разгледници од постземјотресно Скопје, изложба „Архитектура помеѓу архитектурата“ и „ПМГ рекордингс фестивал“. Во Музејот на современа уметност ќе се одржи концерт на Дуња Иванова и Ана Пандевска – „Градот убав и градот шугав – свита за Скопје“ и проекција на филмот „Метеори“. Воедно, Јавното Сообраќајно Претпријатие соопшти дека по повод манифестацијата, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.

Поопширно за програмата на „Бела ноќ“ погледнете ја ОВДЕ.