БЕЛА НОЌ: Повик за учество на уметници кои ќе бидат дел од целодневно културно будење на Скопје

На 6.10.2018 е закажана 14. БЕЛА НОЌ. Младинскиот културен центар и Градот Скопје, распишаа ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на уметници што на есен ќе бидат дел од ова целодневно културно будење на Скопје.

Годинава, како и секоја БЕЛА НОЌ, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб-дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност и урбани изведби и перформанси.

Селекцијата на уметниците ќе ја направат организаторите. Учесниците ќе бидат селектирани врз основ на поднесените апликации. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дополнително, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Тематската целина, која ќе ги обедини проектите на годинешното издание на БЕЛА НОЌ е темата ИНСТАЛАЦИЈА СКОПЈЕ.

ИНСТАЛАЦИЈА СКОПЈЕ претставува интервенција на уметниците во конкретен простор, преку кој се модификува перцептивното искуство на набљудувачот, а самиот простор се збогатува со ново значење.

Подетално, тематската замисла на ИНСТАЛАЦИЈА СКОПЈЕ е овозможување на разни видови  инсталации, кои ќе бидат во контекст на урбаното живеење генерално, но и гледање на Скопје преку сите негови урбани културолошки и еколошки проблеми. Во галериите може да се остваруваат и нетематски инсталации и перформанси.

 Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:

- биографија со личните податоци за уметникот или групата;

- фотографии, скици и цртежи;

- промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти...;

- пополнета и потпишана апликација (во продолжение).

Апликациските форми заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 1јуни 2018 година, на следниве адреси:

Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2018),

Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија