БЕЛА НОЌ 2025 - Скопје: Градот повторно ќе заблеска во светлина, уметност и музика!

Бела ноќ 2025 - Скопје - Градот повторно ќе заблеска во светлина, уметност и музика!

На 4. октомври со почеток од 20:00 часот, Културно информативниот центар Скопје ги поканува сите да бидат дел од најмагичната ноќ во годината - Бела Ноќ. 

„Очекувајте уникатни светлосни инсталации, уметнички перформанси и акустична музика во срцето на градот“, велат од КИЦ Скопје.

Покрај централниот настан во центарот на Скопје, во оваа ноќ се вклучени сите културни установи, вклучувајќи го и Културно информативниот центар - Скопје.

На програмата ќе се најдат:

 ВЕСНА НИЧЕВСКА - „ Жена инспирација“ изложба на слики и цртежи
Локација: Галерија Империјал 1
Почеток: 20:00 часот

ЈАНА ЈАКИМОВСКА - „Везилка“ изложба на цртежи и слики
Локација: Галерија Империјал 2
Почеток: 20:00 часот

 ХРИСТИНА КРСТЕСКА - „Инхерентно инертни“ мултимедијална изложба
Локација: Продажен ликовен салон
Почеток: 20:00 часот

Концерт - Музички моменти (две флејти и пијано)
Локација: Салон 19 19
Почеток: 21:00 часот