Бела материја, марихуана, дробилка... Малолетник и уште пет лица уапсени во Скопје

Пет возрасни лица и еден малолетник уапсени вчера во Скопје бидејќи поседувале дрога. 

- На 03.09.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Б.(42), В.Н.(26), Д.С.(23), С.К.(29), Р.А.(30) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со марихуана, инфромираа од полицијата. 

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.