Бел колач што се прави од три состојки

На некој начин, овој колач е вид на чизкејк бидејќи содржи и крем-сирење. Следете ги упатствата, за да ви успее со сигурност. 

Состојки:

Три јајца
120 гр бело чоколадо
120 гр крем-сирење (на собна температура)

Подготовка:

Најпрво, рерната загрејте ја на 170 степени. 

Одвојте ги жолчките од белките. Белките неизматени, ставете ги во фрижидер. 

Стопете го белото чоколадо на пареа, па откако малку ќе се излади, измешајте со крем-сирењето. Додадете ги жолчките и измешајте. Од белките изматете цврст снег, па измешајте со смесата од жолчки и сирење. 

Смесата префрлете ја во калап за печење со пречник од 15 сантиметри, подмачкан со путер. Најдобро е да го протресете колачот неколкупати пред печењето. Ставете го калапот во поголема тепсија полна со врела вода. 

На овој начин, колачот се пече на пареа. Печете 15 минути на 170 степени, потоа уште 15 минути на 160 степени и оставете го во изгасната рерна уште 15 минути. 

Целосно изладениот колач декорирајте го по желба.