Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, мерките се почитуваат, утре одлука за намалување на цените на пијалоците

Се очекува поевтинување на цените на пијалоците. Ова го потврди и министерот за економија Крешник Бектеши. 

- Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандародт на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигенските производи, кажа Бектеши при денешната посета на „Алма М“, компанија од дистрибутивниот бизнис, кои дистрибуираат производи по маркетите опфатени со мерката „гарантирана цена“.