Бегство од жештините - Каде да пронајдете ладовина во Скопје?

Летото е во полн ек. Скопскиот асфалт, ниту ова лето не е исклучок од жештините. Каде да избегате од пеколните температури во Скопје, а тоа да не е климатизирана просторија?!

Ви предлагаме неколку идеи.

Се разбира дека доколку сакате водено разладување број еден избор е Аква паркот во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски и базенот во Аеродром.

Покрај вода, но на подалечна дестинација може да одморите и да се освежите на Матка.

На помалку од 20км југозападно од главниот град на Македонија, по долината на реката Треска, се крие таинствен свет со високи карпи, чудесни пештери, разни ендемски видови дневни и ноќни пеперутки, лековити води и растенија за кои постојат верувања дека им помагаат на глувонемите луѓе. Кањонот Матка е гордост на Скопје, но и на цела земја!. Високо над карпите на Матка, од десната страна на реката Треска, е лоциран манастирот Свети Никола Шишевски или уште познат како Шишевски манастир. Природата таму нуди вистинаска убавина, но и ладовина!

Доколку не сте во можност да патувате подалеку, секогаш најблиску, во срцето на Скопје, е старата Скопска чаршија каде има убави сенки. Дополнително, чаша ладна лимонада или сладолед и турско кафе во овој дел на градот вистински ќе ве освежат во овие летни денови.

Убави сенки во Скопје, особено во раните утрински и вечерните часови може да најдете и во Градскиот парк.