„Бегство“ од Скопје: Продолжениот викенд го испразни главниот град

Продолжениот викенд го испразни Скопје! Несомнено, споените три дена повеќето ги искористија да заминат некаде подалку од главниот град. Една од причините е и да се избегне загадениот воздух! 

Некои заминаа на снег и рекреација, други го искористија викендот за посета на некој од предновогодишните и божиќните базари во соседните земји или низ Европа...

Оние кои останаа велат дека, особено денеска, градот е празен. 

Туристичките агенции веќе ги објавија и турите за дочек на новогодишната ноќ.