Бегалец од Затвор Гевгелија сакал се извлече од полицијата, им дал на увид фалсификувани бугарски документи

Вчера во 12 часот полицијата го уапсила 32-годишниот Џ.С. од Гевгелија откако го застанале додека управувал возило со српски таблички кај место викано „Миратовачки пат“ во с.Лојане, општина Липково. Тој бил баран поради бегство од казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде што издржувал затворска казна.

„При преглед во возилото „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, во кое се превезувал, тој на увид на полициски службеници им дал бугарски документи за идентификација, за кои подоцна било констатирано дека се фалсификувани. Исто така, по дополнителни проверки, било утврдено дека тој бил во бегство од затворот во Гевгелија. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната“, информираат од полицијата.