Бегаат од село во град - до 2050 година 80 проценти од македонската популација ќе живее во градовите

Кон средината на 20. век само триесет проценти од светското население живеело во метрополите, додека денес речиси 50 проценти.

Обединетите нации прогнозираат дека до 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовите, а до 2020 година дека во светот ќе има 27 мегаполиси со над десет милиони жители.

Миграцијата од рурални во урбани средини е постојана и луѓето се селат во градовите, каде имаат подобри економски, културни и социјални услови за живеење. Зголемиот интерес за нови домови ги поттикнува градежниците и инвеститорите да развиваат се повеќе и повеќе делови од градската средина за задоволување на барањата на пазарот. Сепак, водени од профит и недостиг од соодветно системско долгорочно планирање голем дел од градовите во светот сега се соочуваат со фавели или населби кои не ги исполнуваат минималните услови за живот. Дури и најмодерните градови, наспроти напорите на властите, не можат соодветно да одговорат и да ги прилагодат транспорните и инфраструктурни системи на градовите, кои соочени со зголемениот број жители и дневна миграција се речиси постојано на работ на колапс.

Според извештајот за светското население на ОН во 2016 година, најмногу жители има Токио (Јапонија) со 37,9 милиони луѓе, на второ место е Џакарта (Индонезија) со 31,8 милиони, а следат Делхи (Индија) со 26,5 милиони, Манила (Филипини) со 24,2 милиони и Сеул (Јужна Кореја) со 24,1 милиони жители во метро делот.

Најгусто населени градови сe Дака (Бангладеш) со 45.700 жители на километар квадратен, Могадишу (Сомалија) со 26.800 жители, Хидерабад (Пакистан) со 26.300 жители, Мумбај (Индија) со 26.000 жители и Хонг Конг (Кина) со 25.700 жители на километар квадратен.

Според истражувањето на ОН, најбрзорастечки градови во светот до 2025 година ќе бидат Зингер (Нигер) со 67,6 проценти раст, Буџумбура (Бурунди) со 67,4 отсто, Лохоре (Нигерија) со 65,4 проценти, Уагадугу (Буркина Фасо) со 61,9 отсто и Мванза (Танзанија) со 60,9 проценти раст.

Извештајот од ноември 2016 година на Националната лига на градови ги разгледува актуелните транспортни трендови во градовите со цел да го предвиди урбаниот развој во иднина. Како што пренесува „Бизнис инсајдер“, истражувањето покажува зголемување на разликата меѓу тоа кон каде не движи технологијата и тоа каде градовите планираат да одат.

Само шест проценти од градските планови за транспорт го земаат во предвид потенцијалниот ефект од технологијата на самоуправувачки возила, додека само три отсто од плановите ги вбројуваат компаниите како „Убер“ и „Луфт“. Ова не значи дека се совпаѓа со тоа што луѓето го бараат и „Бизнис инсајдер“ посочува четири клучни точки кои градовите би требало да ги вклучат во идните планови. Тоа се:

1 – Демографските трендови и движењето на работната сила ќе влијае на мобилноста во градовите. Урбаните градски делови ќе продолжат да растат, а начинот на транспорт на луѓето ќе се менува.

2 – Финансирањето на инфраструктурните проекти ќе се менува. Растот на можностите за јавно-приватно партнерство ќе го промени начинот на кој голем број од транспортните проекти се оценуваат.

3 – Јавните и приватни системи на транспорт ќе растат. Не очекува самоуправувачки јавен транспорт, пад на индивидуалното користње автомобили и поголема координација меѓу јавните и приватни транспортни претпријатија со цел помобилен систем.

4 – Нови можности и начини на транспорт. Луѓето во градските средини се повеќе ќе користат алтернативни и иновативни начини на движење низ градовите.