
СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, откако тримесечно бебе било оставено на улица, а потоа паднало на асфалт.
Според МВР, пријави се поднесени против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во општина Желино.
Инцидентот се случил на 14. јуни годинава во Тетово.
Како што информира полицијата, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената заедно со нивното тримесечно бебе на улица.
Потоа, според пријавеното, жената ја превртела количката во која било бебето, при што детето паднало на асфалтот.
Тие ќе се гонат за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.