Бебе изгризано, воспитувачките лажат и не чувствуваат вина - хорор во градинка во Центар

Истрауматизирана мајка, чиешто единаесетмесечно бебе оди во градинка во Центар, ја објави својата голгота на Фејсбук, барајќи помош за правно да го истера слчајот до крај. Таа е револтирана од односот на градинката и воспитувачките, кои кога ѝ го дале детето, рекле дека нешто го полазило. Вистината е сосема друга и пострашна.

Девојчето било исзгризано на неколку места на грпчето, а на главата имало хематом и од Детска хириргија им предложиле на родителите да го снимаат. За среќа, снимките не покажале негативнен наод.
Случајот е толку сериозен, вели мајката, што и самите лекари од Детска хирургија го пријавиле во полиција.

„Ова е основна негрижа и згора на сѐ лажење, а ние никогаш нема да дознаеме што точно се случило со нашето дете. Прашањето е што правеле воспитувачките додека ќерка ми била загризана не еднаш, туку два пати, додека била изгребана и додека паднала со глава (веројатно, според ударот) на под? Демек не плачела? Каде биле тие? Зошто се обидоа да ја скријат вистината со муабетот дека “веројатно е пролазена од нешто?!”

Во меѓувреме, педагогот на градинката, инаку во моментот на дигање телефон веќе добро запознаена со случајот, како од пушка ни кажа дека воспитувачките се оградуваат од било каква одговорност, и рекле дека детето било така донесено сабајлето (?!). Како воопшто таа знае за случајот, ако таму ништо не се случило? Вработените во градинката, секако, се штитат меѓу себе.

После сѐ ова, револтот е голем и случајот сакаме да го истераме до крај, па секој правен совет од било кој тип би ни бил добредојден“, пишува мајката на Фејсбук, а нејзината приказна и фотографиите од „полазеното“ бебе ги пренњсуваме интегрално.