Базенот во Сарај: Она што беше и она што остана од него

Во близина на очната болница во Ѓорче Петров, кај местото познато како „Састав“, паркот Сарај ги крие остатоците од некогашниот грандиозен базен, кој денеска е оставен на забот на времето. 

Препознатливиот полукружен влез и понатаму е отворен, но од билетарниците, туш-кабините и соблекувалните ништо и не останало. 

Кога ќе влезете, од лево е големиот базен со три бетонски скокалници кои никако не сакаат да попуштат ни под влијание на временските услови, ни под негрижата. Од десната страна пак, е помалиот базен, детскиот. 

Паркот Сарај навистина заживеа во последните неколку години, а повеќе од очигледно е дека се работело на одржување на условите за викенд-излети и прошетки. 

Но, за овој базен не постои интерес ниту за реновирање ниту за одново стартување. Сепак, градбата останува тука, да нè потсети на некои времиња во кои многумина од нас можеби не ни биле родени или не добиле прилика да ги доживеат. 

Погледнете го ова видео и споредете со фотографиите, за да добиете реална слика за тоа како било некогаш, а што останало сега.