Базенот Карпош затворен за употреба

Поради сериозен дефект во системите за греење, пливачкиот базен нема да биде отворен за користење од денеска – ова е пораката до граѓаните и пливачките клубови која стои на влезот од врата на базенот Карпош во Скопје.

Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за Телма вели дека енергетската криза не е причина за затворање на базенот туку дефект на системот за греење, за кого што се чека дел од Турција и уверува дека истиот ќе биде ставен во функција за две недели.

Една од тренерите на пливачките клубови, Наташа Мешковска, на Фејсбук побара од Владата под чија капа е базенот да се заложат тој што поскоро да биде ставен во функција бидејќи пливањето е спорт кој имаше врвни резултати.

Скопје нема доволно базени, а  двата постоечки базени во Карпош и Центар веќе ги надминаа времето и потребите на граѓаните. Во наредните две недели пливачите ќе може да тренираат или рекреираат единствено во Олимпискиот базен Центар. 

Извор: Телма