Batman v Superman премиерно во Cineplexx

Утревечер(среда 23.03.) Cineplexx-City Mall ја најави прет-премиерата на филмот кој се очекува да биде еден од најдобрите блокбастери оваа година.
„Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ претпремиерно ќе се прикажува од  20:30 часот, ден пред светската премиера.
Пресметката на двајцата легендарни супер-херои, злото кое се заканува подготвено од антагонистот Lex Luthor и појавувањето на атрактивната Wonder Woman несомнено ќе привлечат огромно внимание, особено кај машката публика која е таргетирана и од страна на корпорацијата Cineplexx, очигледно, сооглед на тоа што настанот е именуван Men’s Night, вечер резервирана за Вас и вашите пријатели.