Дел од Батинци и Ѓорче Петров денеска без вода

Поради дефект на приклучна цевка, без вода денеска од 09:00 часот се корисниците во скопско Батинци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информира ЈПВ Водовод и канализација – Скопје. 

Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Борис Сарафов“ бб (во близина на амбулантата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците во Дексион во населбата Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до санација на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.