„Батериите што горат се поопасни и од пластиката“ - Скопјани за хоророт во градот

Скопјани се видно вознемирени и крајно револирани по денешните пожари во околината на градот од кои се крева црн густ чад над градот. 
И оние кои останаа викендов во Скопје, но и оние кои „избегаа“ на чист воздух се запрепастени од ова што се случува со загаденоста на воздухот во Скопје! Пожарите, подметнати или не, се сериозна опасност за здравјето на жителите!

Сега се алармира и дека поопасно од палењето на пластика е што горат батерии во складиштето на „Нула отпад“ во Трубарево!

Еве дел од реакциите!