Бараката на поранешно Матично ќе стане младински дом за извидници

Бараката на поранешното „Матично“, каде судбоносното „ДА“ го кажале генерации скопјани, ќе прерасне во едукативно-креативен младински дом на извидниците. Ова го најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на „Четвртиот граѓански форум“.

- Со средства добиени како донација од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, општина Центар ќе го реновира објектот и тој ќе се користи како младински центар, изјавил Богдановиќ за Вечер.