Барак Обама вели дека пред да стапите во брак треба да си ги поставите овие три прашања

И покрај тоа што таблоидите постојано се трудеа да најдат некакви скандали, сепак, во текот на осумте години на неговиот претседателски мандат, Барак Обама и неговата сопруга Мишел покажаа дека нивната врска може да служи само како позитивен пример. По речиси 26 години брак, Барак Обама стана извор и инспирација за тоа што значи да се има успешен брак. 

Ден Фајфер, поранешен советник на претседателот Обама, во својата книга „Да, ние (сѐ уште) можеме“, ги споделил најзначајните мудрости кои ги добил од својот шеф. Па така, Обама му рекол на Фајфер дека себеси треба да си постави три прашања кои би ги сумирале неговите основни принципи при успешно одбирање на животен партнер.

Најдете некој кој е интересен и духовит и некој кој ќе биде добар родител (доколку сакате деца). 

Едноставно и без многу тупење, ова се советите кои го истакнуваат коренот на секоја врска. 

„„Значи, вие двајца ќе живеете заедно? Таа е вистинската?“ Обама секога се гордееше со фактот дека за време на неговите кампањи и претседателство се развиле стотина врски. Добар пример е анегдотата кога во 2016 година отишол на четири свадби на парови кои се сретнале работејќи за него. Една од тие свадби беше мојата.“ – вака пишува Фајфер во книгата. 

Фајфер пишува: „Потоа продолжи: „Еве кои совети им ги давам на сите кога е во прашање бракот: Дали таа е личност која мислиш дека е интересна?“ Најпрво бев збунет од ова прашање, но претпоставив дека има некаква поента. Потоа ми кажа: „До крајот на животот ќе поминеш повеќе време со таа личност отколку со кој било друг и нема ништо поважно од тоа секогаш да сакаш да слушнеш што има таа да ти каже.

„Дали таа те смее? И не знам дали сакаш деца, но ако сакаш, дали мислиш дека таа ќе биде добра мајка? Животот е долг. Ова се работи кои навистина се важни на долги патеки.“ И тогаш стигнавме до авионот и целиот свет чекаше да излеземе од лимузината. Тогаш се свртев и му реков на претседателот: „Хаули е неверојатно интересна, подуховита е од мене и ќе биде феноменална мајка.“ Тогаш Обама, пред да излезе од лимузината и да се упати кон авионот, се сврте кон мене и ми рече: „Изгледа дека таа е вистинската. Ти си среќен човек.“ Година дена подоцна, јас и Хаули се веривме, а ова е совет кој и јас сега го споделувам со сите.“ – вака Ден Фајфер го завршува ова поглавје во книгата.

Значи, сега ги имате прашањата, ако одговорот на сите е ДА, тогаш знаете што треба да направите.