Барајте ги своите луѓе...

 

Барајте силни и среќни луѓе. Тие се како ѕвезди, додека не ја подигнете главата, не можете да ги видите. А кога со очите ќе потонете во ѕвезденото млеко, сфаќате дека ги има навистина многу.

Барајте ги своите луѓе. И на нив им е тешко. И тие имаат црни денови, грешки и падови. Но, подготвени се да одат низ стравот, да влијаат на текот на нештата, да го диктираат животното темпо. Во нешто се подобри, во нешто се полоши. Тие не завидуваат и не се жалат. Со благодарност ги чекаат подароците на судбината и се сакаат себеси, затоа што среќата им се насмевнува.

Барајте чесни и верни луѓе, кои нема да кријат злоба зад лицемерието и лажната насмевка. Тие го кажуваат она што го мислат. Тоа некогаш е пријатно, некогаш не е. Но, затоа е чесно. И секогаш е од љубов. 

Барајте ги оние кои се радуваат искрено, кои се смеат гласно и слободно, мелодично и заразно. Оние кои не се кријат и не се срамат од својата радост. 

Барајте ги оние кои можете вечно да ги сакате. Барајте ги оние кои стојат и ја чекаат вашата љубов. Со кои ќе споите две езера и ќе добиете море. Барајте луѓе полни со живот. Барајте гласни луѓе, со брчки од смеење.

Барајте ги во паркот и на сцената, тажни и весели, големи и мали. Тие се малку како деца, одат низ животот со верба во доброто, но гледаат се’ и црно и бело, само што живеат во бојата. Барајте ги...

Треба само да ја кренете главата...