Банско полно со Македонци

Новогодишните и божикните празници многу луѓе ги искористија за некое патување. Некои на некоја поблика дестинација во сопствената земја, некои на планинските места од соседството, а има и такви кои си дозволија да отпатуваат на некоја поегзотична дестинација.

Во моментов ски центарот во Бугарија, Банско е полно до туристи, особено со Македонци.

Од туристичките агенции уште многу одамна ги објавија своите понуди, но како што велат тие продадено е и до последното место и се бара нешто повеќе.

Се нудат разни аранжмани за сместување во хотели со вклучени спа центри до вили целосно опремени, а во некои од нив има и сауни. Цените се различни во зависност од аранжманот, категоријата на хотелот, понудата и временскиот период, но во просек се движат околу 30 евра од лице за полупансион.

Сепак, туристичките агенции велат дека аранжманите за Банско се најмногу барани, по што следуваат понудите за Боровец и Пампорово кои исто така се познати зимски туристички центри во Бугарија. 

Причината за тоа што македонските граѓани се повеќе заинтересирани за зимување во Бугарија отколку во соседна Србија се пониските цени на аранжманите.