Банкнотите со новото име ќе се појават на почетокот на следната година

Народната банка поради комплексноста на постапката треба да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 година и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.