Банките полни до плафон: Во нив се чуваат над 418 милијарди денари

Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418,644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор.

Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278,469 милиони денари, од нив денарски се 145,806 милиони денари, а во странска валута 132,663 милиони денари.

Кај корпоративниот сектор вкупните депозити изнесуваат 112,505 милиони денари, од кои поголемиот дел се денарски во износ од 79,641 милион денари, а во странска валута 32,865 милиони денари.

Во земјава денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето – 30 Октомври.

Граѓаните имаат доверба во банките, тоа го покажуваат податоците за пораст на депозитите.