Банани, јогурт и бисквити – најкремастиот освежувачки десерт!

СОСТОЈКИ:

1 кг бисквити

1 л јогурт

250 гр шеќер

банани

1 кесичка шлаг

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Бисквитите издробете ги, додајте шеќер во прав и прелијте сè со јогурт. 

Оставете половина час да отстои за бисквитите добро да го впијат јогуртот. 

Обликувајте ја масата по желба и преку ставете банани исечкани на кругови (или некое друго овошје по желба) и од горе распоредете разматен шлаг. 

Оставете да отстои неколку часа во фрижидер и послужете.