Банана торта без брашно, шеќер и млеко

Ако сакате да направите вкусен десерт што исто така е здрав и нискокалоричен, оваа банана торта е вистинскиот избор.

Банана тортата е одлична алтернатива за оние кои сакаат да јадат благо во попладневните часови, а не сакаат да се здебелат. Не содржи ниту грам бело брашно, еден од најголемите „непријатели“ на витата линија.

Потребни ви се следните состојки:

4 зрели банани

1 шолја маслиново масло

4 јајца

1 и пол шолја зобни снегулки

1 шолја суво грозје

2 кафени лажички прашок за пециво

Цимет по елба

Подготовка:

Згмечете ги зрелите банани и измешајте ги со изматените јајца и маслиновото масло додека не добиете изедначена смеса. Потоа додадете ги зобните снегулки, циметот и прашакот за пециво. Промешајте.

Намачкајте го тавчето за печење и истурете ја смесата. По желба украсете ја со парчиња банана.

Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 35 минути.