Банана мафини со боровинки, без брашно

Ако сте љубители на мафини со боровинки, овој рецепт е идеален за вас.

Потребни состојки:

- 4 до 5 зрели банани

- 180 г путер од кикирики

- 150 г боровинки

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, а за тоа време во голем сад со виљушка згмечете ги бананите, потоа додадете го путерот од кикирики и на крајот боровинките.

Смесата ставете ја во калап за печење на мафини, печете додека не фатат румена кора, околу 20 минути. Бананите е подобро да бидат позрели бидејќи така мафините ќе бидат поблаги и повкусни.