Балкански медиуми: Пропадна референдумот во Македонија, Македонците остануваат Македонци

Во Македонија утрово беше отворен референдумот на кој граѓаните одлучуваа за тоа дали нивната земја ќе го промени името во Република Северна Македонија.

Прашањето на кој тие требаше да се произнесат беше „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, пишува српскиот портал Балканскиправила.ком.

Половина час пред затворањето на гласачките места, ДИК објави дека забележана е излезност од 34 отсто, а со самото тоа значи дека референдумот како таков неуспешен. Како што јавува порталот, во знак на бојкот многумина Македонци денешниот ден го прогласиле за ден на ајварот.