Република Македонија е повторно во фокусот на вниманието на регионалните медиуми. Овојпат по синоќешната ратификација на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО во грчкиот Парламент.

„Од денеска во официјална употреба Република Северна Македонија“, „Балканот доби нова држава“, „Македонците завршија работа со Грците“, „Грција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО“,…се само дел од насловите во регионалните медиуми.

Покрај тоа што известуваат за гласањето и тензичната атмосфера во грчкиот Парламент  за време на истото, голем дел од медиумите ја објаснуваат и понатамошната процедура со која Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија.