Балетски перформанс „Метаморфоза“ во МОБ

Во Македонската опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи современиот балетски перформанс „Метаморфоза“ – кореографија на Ивана Коцевска. Овој современ балет го проблематизира телото како субјект на состојби и сензации, како збир на афекти.

Делото се занимава со соматското истражување низ техниките и антитехниките на телесното, на вертикалното и хоризонталното, симетричното и асиметричното. Работи со позиции и антипозиции, а е јукстапозиција на кохерентното, иако се занимава со симетрија и асиметрија во кореографијата, но и во изведбата. Кореографското интервенирање во просторот не е преку техниката и формите, туку преку нивно генерирање, а целта е да се исцртуваат различни позиции на телата кои се менуваат во него. Менувањето во движењето, менувањето на телесното, односно неговото реформирање низ изведбеното, нуди интервенирање во она што е балет, односно нуди нови прегледи на балетското тело како ново, променето и девертикализирано.

Танчери:  Христина Наќевска, Ивана Димковска, Меланија Гоцевска, Медина Јусуфович, Виолета Карајанова, Мила Ниновска, Матеа Каревски, Теодора Ежовска, Јована Зајкова, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук, Бојан Мицев,Теодора Ставревска, Ивана Коцевска

new nike air max 2019