Балетска претстава: „Самсон и Далила“ на сцената на МОБ

Во Македонската опера и балет на 15 јануари со почеток во 20 часот, ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Ками Сен-Санс.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија).

Во улогата на Крв ќе настапи Саша Ефтимова, Месо- Ендру Кук (Англија), смрт – Олга Панго, а церемонијал мајстор е Мирослав Митрашиновиќ.
„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.