Балетанките се чевли кои секогаш предизвикуваат дебата. Жените ги обожаваат затоа што се удобни, а сепак елегантни и погодни за различни пригоди, додека пак мажите обично велат дека тоа им е едно од работите во женската гардероба кое најмалку го сакаат. Но, без оглед на тоа што велат мажите, жените во поголем дел ги сакаат овие обувки и затоа една одлична вест за сите кои ги сакаат балетанките е веста дека тие повторно се враќаат во мода!
Подолу можете да видите какви модели ќе се носат, како и предлози како да ги комбинирате!