Балет „Клеопатра“ во Македонската опера и балет

МОБ ви најавува две изведби на балетскиот спектакл „Клеопатра“. на примабалерината Александра Мијалкова која го одбележува  25-годишниот јубилеј од уметничката дејност.

Кореограф на „Клеопатра“ е Василиј Медведев, музиката, која е специјално напишана за оваа претстава, е на литванката Нерија Голдберг, костимите и сценографијата на Павел Јураш, а Станислав Фечо е асистент на режија.

Носител на улогата на Марко Антоние во претставата е првенецот Бобан Ковачевски, Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Октавија е Марија Кичевска Шокаровска, Змијата е Мими Поп Алексова Атанасовска, Октавијан – Киро Павлов и Аполодор – Дојчин Дочев од (Бугарија). За оваа претстава ангажиран е целиот ансамбл на балетот, хорот и опера.

Претставите се закажани за 02.02.2017 / 04.02.2017 20.00ч.

Билетите се во продажба на: Билетарница на МОБ 02/3118 451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, сите продавници на NEPTUN  и Oнлајн на www.mob.mk и karti.com.mk

air max 90 essential sale