Бајага, Прљаво казалиште и Ареа на голем концертен спектакл во декември во Скопје

Влезниците за концертниот спектакл „All You Need is Love“, што ќе се одржи на 3ти декември 2016-та година во Вип Арената, од петок(23.09) ќе бидат пуштени во продажба на сите продажни места на Купи Карти За Се и онлајн.

На концертниот спектакл, што е во организација на Авалон Продукција, ќе настапат Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа, како и проектот Deca iz vode/ EKV Tribute band project.

„Со настапот на овој бенд, манифестацијата ќе трае минимум 6 часа и ќе биде едно комплетно бегање од реалноста за сите нас“, порачува организаторот.