Професорката од Правниот факултет во Скопје Јасна Бачовска-Недиќ со свој став околу актуелниот избор на нов ректор/ка на УКИМ.
- Во контекст на изборите за Ректор/ка, во инбокс од пријатели добивам слики од постови на колеги кои јавно ги коментираат кандидатите за ректор/ка и УКИМ. Само кај нас или на овие простори можеш да работиш во одредена институција и да плукаш по истата, да ги вреѓаш колегите, да го оцрнуваш имиџот и интегритетот на институцијата, да лажеш. Значи едно е конструктивна критика, став, а друго е плукање, артикулација со недокажани и непроверени факти. Па дај си отказ и оди си, ако си толку вреден, незаменлив, паметен, чесен. Има и други универзитети, школи. Или кандидирај се, преземи одговорност, но ни тоа не го правиш, зошто знаеш колку гласа ќе добиеш.
На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија.