Бабата почина, детето тешко повредено: Детали за ужасната сообраќајка во Ново Лисиче

Синоќа на булеварот Србија во скопската населба Ново Лисиче се случи тешка сообраќајка, кога комбе удри во три лица: Мало дете, баба и дедо.

Како што дознава КУРИР, бабата, за жал, им подлегна на повредите и почина.

Детето е со тешки телесни повреди, потрес на мозок и скршена рака.

Дедото и детето беа пренесени во Ургентниот центар.

Возилото кое удрило во нив е со велешки регистарски таблички. Трите лица минувале на пешачки премин, кога биле прегазени од комбето кое најверојатно возело со огромна брзина.