Баба од Струга изгубила свест среде улица, па се удрила во камион

73-годишна жена од Струга изгубила свест и паднала на улица при што се удрила во камион. 

- На 02.06.2026 околу 13:00 во ОВР Струга, од Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена С.С.(73) од Струга. Според пријавеното, таа се здобила со повредите додека се движела во населба Плитишта, струшко, при што изгубила свест, паднала и се удрила во товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.И.(40) од с.Радолишта, струшко, информираа од МВР за несреќата. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.