Б витамини – зошто ни се потребни?

Витамините Б комплекс играат многу важна улога во создавањето енергија, како и забрзување на реакциите на нашето тело во однос на метаболизмот на мастите, протеините и јагленохидратите. Без нив, многу од процесите во нашето тело не би можеле да се одвиваат и не би можеле да функционираме.

Вкупно постојат 8 витамини и секој од нив има многу важна улога.

Витамин Б1

Помага во регулирање на апетитот и ја зголемува енергијата. Може да се најде во семките од сончоглед, грав, грашок и леќа.

Витамин Б2

Ја подобрува здравата визија и здравјето на очите, ја подобрува кожата и помага во создавањето на црвени крвни зрнца. Тој игра важна улога и во креирањето енергија и во апсорпцијата на фолна киселина и Б6.  

Се наоѓа во спанаќот, печурките, бадеми, аспарагус  и тн.

Витамин Б3

Ова е витамин кој може да се најде во чиата, кафениот ориз, бадемите, кикириките, семките од сончоглед, компирите, доматите и печурките.

Тој се наоѓа во секоја клетка од нашето тело и е неопходен за здрава кожа и силни мускули. Тој помага во дигестијата на масти, протеини и јагленохидрати. Дефицитот од овој витамин причинува лоша кожа и проблеми во спиењето.

Витамин Б5

Овој витамин помага во подобрување на метаболизмот, регулација на нервниот систем и здрава кожа. Недостатокот од овој витамин предизвикува проблеми со кожата, а особено акни. Тој може да се најде во шитаки печурките, авокадото, семки од сончоглед, сладок компир, брокула и леќа.

Витамин Б6

Помага во лачењето серотонин и допамин. Во таа насока, придонесува за подобрување на расположението,а недостатокот од него предизвикува депресија, проблеми со кожата, висок крвен притисок  и анемија. Се наоѓа во компирите, семките од сончоглед, бананите, спанаќот, оревите, фстаците и тн.

Витамин Б7

Помага во балансирање на шеќерот во крвта и го чува здравјето на кожата. Тој исто така игра важна улога и во метаболизмот на шеќерите и мастите и е клучен за градење здрави масти на кожата. Недостатокот од овој витамин предизвикува пад на косата, сува коса, анемија и тн. се наоѓа во доматите, марулата, морковите, бадемите, карфиолот, јагодите, малините, зелката, краставицата и тн.

Витамин Б12

Поттикнува емоционална стабилност и помага во намалување на килограмите. Дури 40 % од вкупната популација се соочува со недостаток на овој витамин. Се наоѓа во печурки, спирулина, жолчка, а добро е да се зема и како додаток.

Витамин Б9

Овој витамин е познат и како фолна киселина и е особено важен да се зема во текот на бременоста кај жените. Фолната киселина придонесува  и за подобрување на здравјето на срцето и е важна за превенција на анемија.