„Азно“ - роденденски концерт за 78 години постоење на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија ќе го прослави својот 78-ми роденден со одржување на концертот наречен „Азно“. 

Роденденскиот концерт е закажанз а 24-ти ноември, со почеток во 20 часот, а ќе настапат солистите Кирил Трусов, на виолина (Германија) и Гордана Јосифова-Неделковска, на обоа. 

Диригент ќе биде Борјан Цанев, а програмата е следната:

Ј. С. Бах: Концерт за виолина и обоа и во d-moll BWV 1060
М. Брух: Концерт за виолина и оркестар бр. 1 во g-moll, оп. 26
П.И.Чајковски: Симфонија бр. 5 во e-moll.

Концертот е поддржан од Германската амбасада, информираат од Филхармонија.